Ракометната репрезентација на Македонија утре ја очекува нов натпревар на Светското првенство.
Во рамките на второто коло од Група 2 во главната фаза Македонија ќе игра против селекцијата на Катар. Репрезентација против која ќе го играме првиот официјален натпревар, а на чија клупа се наоѓа поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар Веселин Вујовиќ.
Катар е борбена репрезентација, со многу натурализирани играчи, кои прават разлика на теренот.
Тие имаа одлични натпревари на ова Светско првенство. Не очекува уште еден неизвесен натпревар.
Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво, а дали ќе биде тоа доволно за поволен резултат ќе видиме,
изјави селекторот на Македонија Кирил Лазаров пред денешниот тренинг.
Натпреварот Македонија – Катар се игра утре (четврток) во Вараждин со почеток во 15:30 часот.