Александар Петровиќ повеќе не е тренер на македонскиот кошаркарски вицепрвак Пелистер.

Како што информираа од битолскиот тим искусен стратег си поднел оставка, по поразот на гостувањето против Куманово.

Во информацијата на КК Пелистер се вели:

„Тој во целиот овој период ја имаше поддршката на раководството, но самиот донесе одлука да се повлече од кормилото, соопштувајќи ја истата на кошаркарите по последниот меч одигран во Куманово.

Кошаркарскиот клуб Пелистер јавно му се заблагодарува на Петровиќ за максималниот професионализам и посветеноста во овој период додека ја извршуваше функцијата во нашиот клуб.

Исто така, му посакуваме многу среќа во идните ангажмани“

Петровиќ на почетокот на сезоната (изминатото летото) го презеде „кормилото“ на пелистерци кој  покрај на домашната го водеше и во АБА2 лигата.