Во Првата машка кошаркарска лига денеска ќе се одиграат уште два натпревари од 14-тото коло.
Интересно се очекува да биде во Куманово каде ќе гостува битолски Пелистер. Тимот предводен од поранешниот македонски селектор Марин Докузовски е во горниот дел од табелата и се бори за место во плејоф конкуренцијата. Шесте врзани победи од првиот дел на сезоната беа прекинати во претходното коло во кое кумановци загубија во Кавадарци со поен разлика.
Од друга страна пак Пелистер ќе бара рехабилитација по убедливиот пораз од МЗТ во претходната рунда. Искусниот организатор на играта на пелистерци, Александар Костовски очекува тежок меч. Кумановци имаат скор од 8 победи и 5 порази, а Пелистер има една победа повеќе.
„„Нема сомнеж дека Куманово е едно од најтешките гостувања оваа сезона, бидејќи клубот иако со ново име сезонава доби сериозен кошаркарски колектив со значителни амбиции.
Со самото тоа се создава една еуфорија што е уникатна само за тој град, а притоа беше составен и квалитетен ростер, така што сигурно пред нас ќе биде еден исклучително тежок натпревар.
Мораме да влеземе максимално мотивирано, да бидеме агресивни во одбраната. Свесни сме дека ќе знаат што сакаат на овој натпревар, ќе мораме да им одговориме со многу желба, залагање, дисциплина и пред се фокус, ако сакаме до триумф на ова тешко гостување“, изјави Александар Костоски.
Дуелот меѓу МКК Куманово и Пелистер ќе почне во 18 часот, термин во кој ќе стартува и локалното чаирска дерби.
Двата натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО
Недела – 19 Јануари
18:00 МКК КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР
18:00 ШКУПИ – ЧАИР
Сабота – 18 Јануари
ФЕНИКС – ВАРДАР 81-66
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 64-65
КОЖУВ – ТФТ 75-76
МЗТ СКОПЈЕ А. – РАБОТНИЧКИ 75-53
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 25 бодови, ТФТ 25, Кожув 23, Работнички 22, Пелистер 22 (-1), МКК Куманово 21 (-1), Чаир 21 (-1), Гостивар 19, Тиквеш 19, Феникс 18, Шкупи 16 (-1), Вардар 13.