Иако за попладнево во Куманово беше предвиден дуелот од 14.коло во Првата кошаркарска лига меѓу МКК Куманово и Пелистер, тој не се одигра.
Двете екипи долго време се подготвуваа за почеток на натпреварот, но тој заврши уште не почнат.
Во исчекување на официјална информација.
Неофицијално. мерните електронски уреди за 24 секунди се неисправни, нешто што долго време се провлекува во салата „Перо Наков“.
Очигледно дека спроведената инспекција од МКФ и заклучоците од состанокот со прволигашпите, доследно ќе се применуваат.
Според правилата, домаќинот (МКК Куманово) е должен во рок од 24 часа да обезбеди услови за одигрување на натпреварот. Во спротивно Пелистер ќе го добие со службен резултат, а кумановци ќе останат и без бод.