Вкупно осум натпревари денеска се на програмата на вториот дел на Светското првенство за ракометар. За нас секако најважен е дуелот меѓу Македонија и Унгарија што ќе се игра во вечерниот термин од 20.30 часот.

Но, веќе се одиграа четири натпревари во попладневниот термин, сите во рамките на првото коло.

Во нашата, група Д во Вараждин, ракометарите на Холандија речиси не се ни испотија, а славеа убелдива победа над Гвинеја со 17 разлика.

До убедливи победи стигнаа и репрезентациите на Аргентина и Португалија во дуелите со Египет и САД. Најинтересен и неизвесен беше дуелот во Херинг каде игра Чешка и Швајцарија, а дуелот заврши без победник.

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

Група А (Хернинг):
Чешка – Швајцарија  17-17
20:30 Германија – Полска
Група Д (Вараждин)
Холандија – Гвинеја 40-23
20:30 Унгарија –   Македонија  
Група Е (Осло)
Португалија – САД 30-21
20:30 Норвешка – Бразил  
Група Х (Загреб)
Египет – Аргентина 39-25
20:30 Хрватска – Бахреин