Завршија првите два натпревари на Светското првенство за ракометари што почна денеска, а на кое утре ќе настапи Македонија.

За нашата јавност секако поинтересни се натпреварите од „Ц“ групата чиј домаќин е Пореч, а од која трите прворангирани ќе вкрстат со оние од вараждинската „Д“рупа во која е и Македонија.

А, таму еден од главните фаворити за шампионскиот трофеј Франција стартуваше со убедлива победа. „Триколорите“ славеа со убедливи 37-19 во дуелот со Катар.

Вечерва (20.30 часот) својот прв дуел од оваа група ќе го играат Австрија и Кувајт.

Во истиот термин во Хернинг, актуелниот првак Данска ќе ја започне одбраната на титулата во дуелот против Алжир.

Во оваа „Б“ група, до првата победа стигна селекцијата на Италија. „Азурите“ покажаа дека имаат голем напре3док во репрезентативниот ракомет, па го совладаа Алжир со 32-25.