Со двата натпревари што се играат денеска во Скопје, стартува вториот дел од сезоната во Првата машка кошаркарска лига.
Паузата не донесе којзнае какви промени во играчките состави на екипите. Така во главно тимовите ќе играат со оние кошаркари кои ги имаа на располагање во првиот дел од сезоната.
Први на паркетот ќе излезат екипите на ТФТ и Гостивар во дуелот што ќе се игра во СЦ „Кале“ од 17 часот. Домашниот тим е еден од трите кои се на делба од првото до третото место на табелата со ист „скор“ 9 победи. Гостиварци се на средината на табелата и во трка со уште шест екипи кои ќе се борат за место во плејофот.
Меѓу нив се и екипите на Чаир и Феникс кои вечерва од 19 часот ќе го играат својот натпревар. Чаирчани кои одлично ја почнаа сезоната, првиот дел го завршија со четири последователни порази и паднаа на седмата позиција. Екипата на Феникс, пред новогодишно врза две победи па се врати во трка за осмата позиција.
Останатите четири натпревари од 13.коло на програмата се утре, а најголемо внимание секако ќе привлече дербито во Скопје.
Дуелот на двете најдобри екипи од минатата сезона и првопласирани на табелата МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе се игра со СЦ „Јане Сандански“.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
КОШАРКА ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13 коло
Сабота – 11 јануари
17.00 ТФТ – ГОСТИВАР
19.00 ЧАИР – ФЕНИКС
Недела – 12 јануари
13.00 РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
17.00 ТИКВЕШ – МКК КУМАНОВО
17.00 ВАРДАР – КОЖУВ
18.00 МЗТ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21 бодови, Пелистер 21, ТФТ 21, Кожув 20, МКК Куманово 20, Работнички 19, Чаир 19, Гостивар 17, Феникс 16, Тиквеш 15, Шкупи 15, Вардар 12.