Кошаркарите на Пелистер ја остварија осмата победа во Првата македонска лига. На дуелот од 11.коло (последното од есенскиот дел) одигран во Битола, Пелистер го победи лидерот на табелата ТФТ.
По израмнетото прво полувреме кое домаќините го добија со три разлика (39-36), во второто прелистерци одиграа далеку поквалитетно. Решавачка беше третата четвртина во која зелено-белите направија 16 разлика, на на почетокот на последната имаа и +18. Гостите од Скопје, во завршните две минути намалија на четири разлика (81-77), но немаа сили за комплетен пресврт. Пелистер на крајот славеше со конечни 91-82.
Андрија Бојиќ со дабл-дабл ефект со 18 поени и 13 скокови беше прво име во победничката екипа и на натпреварот. Едно успешно додавање го делеше Стајиќ од двоен ефект, а натпреварот го заврши со 16 поени и 9 асистенции.
Со оваа победа Пелистер сега е втор на табелата со еден триумф помалку од ТФТ за кој ова беше втор пораз. Денеска ќе се игра и дуелот во Гевгелија каде Кожув го пречекува Работнички.
Останатите три натпревари на програмата се утре.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО
Сабота
ПЕЛИСТЕР – ТФТ 91-82
17.00 КОЖУВ – РАБОТНИЧКИ
Недела
17.00 ГОСТИВАР – ЧАИР
18.00 ТИКВЕШ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
19.00 ФЕНИКС – ШКУПИ
Петок
МКК КУМАНОВО – ВАРДАР 92-63