Македонскиот вицепрвак Пелистер си пораз пред своите симпатизер се прости од настапот во АБА2 лигата.

Во натпревар одигран во Битола, а во рамките од последното коло на „Ц“ групата, пелистерци загубија од српскиот Џокер со 74-93.

По израмнетите три четвртини во последната зелено-белите, потфрлија. Противникот континуирано ја зголемуваше предноста, а Пелистер постигна само 14 поени.

Така Пелистер сезоната во АБА2 лигата ја заврши со една победа (и тоа во првото коло) и пет порази во низа.

И останатите два македонски претставници во ова натпреварување, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички не успеаја да ја минат групната фаза.