Фитсал репрезентацијата на Македонија денеска ќе го одигра вториот натпревар квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
Црвено-жолтите пред своите симпатизери во Скопје, ја пречекуваат селекцијата на Андора.
Ова е натпревар од седмата квалификациска група во која двете селекции во првата рунда претрпеа убедливи порази. Македонските футсалци загубија на гостувањето кај Холандија со 0-4, а Андора од актуелниот европски шампион Португалија со 2-7.
Јасно е дека Португалците и Холанѓаните се фаворити во оваа конкуренција, но и Македонија ќе ја има таа улога во дуелот со Андора.
Дуелот меѓу Македонија и Андора е со почеток во 19 часот, во спортската сала „Јане Сандански”.
Натпреварот ќе може да го гледате низ директен ТВ пренос на МРТ3 (овде)