Познати се четирите екипи кои ќе играат во завршницата од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција. Тоа се тимовите на Баскет кам, Крива Паланка, Бадел и Вардар.

Ова е епилог по одигрувањето на квалификациските четвртфинални дуели. А, во нив.

Бадел беше подобар во дуелот со МЗТ Скопје, кој требаше да има најголема неизвесност. Но „баделки“ се покажаа како поквалитетен противник и стигнаа до убедлива победа со 78:54. Пет домашни кошаркарки завршија со двоцифрен број на поени, ги предводеше Николов, која постигна 20 поени.

Баскет кам беше пресилен ривал за неготински Спорт тим, па екипата од Македонска Каменица славеше со убедливи 116:59. Кај победничката екипа најефикасна беше Димова која постигна 38 поени.

Ања Начевска со 30 поени беше стрелец во победата на Вардар во дуелот со делчевски Патриот со преубедливи 115:54.

Во последното четвртфинале, уште една доминантна игра на кошаркарките на Крива Паланка, доволна за убедлив триумф против Струга со 95:68. Американката Робинсон реализираше 35.поени

Согласно со системот за натпреварување, формирани се и двете полуфинални двојки.

КУП НА МАКЕДОНИЈА „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“- ЖЕНИ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ
Баскет кам – Спорт тим 116:59
Вардар – Патриот 115:54
Бадел – МЗТ Скопје Аеродром 78:54
Крива Паланка – Струга 95:68
ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ
БАСКЕТ КАМ – БАДЕЛ 1862
ВАРДАР – КРИВА ПАЛАНКА