Вицепрвакот пелистер ја оправда фаворитската улога против Вадар и ја оствари седмата победа во прволигашката конкуренција. Во дуелот од 10.коло одигран во малата сала на СЦ „Кале“ пелистерци го совладаа Вардар со 90-59.
Гостинскиот тим постојано го контролираше резултатот во првото полувреме, но најголемата предност изнесуваше +9 поени на крајот на 20-те минути (30-39).
Во вториот дел Пелистер го крена нивото на одбрана, па како одминуваше времето така се зголемуваше разликата. На крајот на третиот период зелено-белите имаа +25, па уште тогаш беше јасно дека бодовите ќе ги освојат гостите. На крајот Пелистер славеше убедливо со 31 разлика, наведувајќи му го на Вардар и десеттиот пораз во исто толку одиграни натпревари.
Тројца кошаркари на Пелистер остварија двоен ефект. Виктор Ташковски на 19 поени придодаде 10 асистенции, Андрија Бојиќ заврши со 16 поени и 11 скокови, а Дамјан Крстевски си 12 поени и 10 скокови. Двоцифрени кај победникот беа и Мишковиќ со 12 и Антоан со 11 поени.
Со овој триумф Пелистер сега се израмни со бројот на бодовите во водечкиот ТФТ. Сепак битолчани ќе ги чекаат резултатите од останатите натпревари, а денеска ќе се играта уште три натпревари.
Во ист термин (17 часот) стартуваат дуелите МЗТ Скопје Аеродром – Феникс и ТФТ – Тиквеш. Денешната програма ќе ја затворат Работнички и Гостивар со натпреварот што ќе почне до 20 часот. Колото ќе биде комплетирано утре до дуелот Чаир – МКК Куманово.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Сабота
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 59-90
ШКУПИ – КОЖУВ 69-81
17:00 ТФТ – ТИКВЕШ
17:00 МЗТ СКОПЈЕ – ФЕНИКС
20:00 РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
Недела
19:00 ЧАИР – МКК КУМАНОВО