Втората половина од натпреварите од 6.коло во Лигата на шампионите на програмата е денеска.

Таа ќе биде отворена со дуелите во Мадрид и Лил, каде гостуваат Слован и Штурм. Овие натпревари ќе стартуваат од 18.45 часот, а останатите седум во 21 часот.

Во тој термин ќе се играат дерби дуелите во Дортмунд и Торино.

Европскиот вицепрвак Борусија ја пречекува шпанската Барселона, во мечот на екипите кои се борат за највисок пласман. Двата тима досега собраа по 12 бодови откако триумфираа на четири, а загубија по еден натпревари. Победа на било кој од нив би значел и пласман на второто место на табелата, зад водечкиот Ливерпул.

Во Торино, кај Јувентус гостува англискиот шампион Манчестер Сити. Во ситуација кога двата тима се во долниот дел од табелата, бодовите им се неопходни вечерва. Сити е дваесетти, а Јувентус две места подолу со 8 освоени бодови. Двата тима досега остварија по две победи. Популарните „граѓани“ на последните два меча освоија само еден бод, додека „старата дама“ има три порази во низа.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 6.КОЛО

АТЛЕТИКО М. – СЛОВАН Б. од 18.45 часот
ЛИЛ – ШТУРМ
БОРУСИЈА Д. – БАРСЕЛОНА од 21 часот
ЈУВЕНТУС – МАНЧЕСТЕР СИТИ
МИЛАН – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
АРСЕНАЛ – МОНАКО
БЕНФИКА – БОЛОЊА
ФЕЕНОРД – СПАРТА П.
ШТУТГАРТ – ЈАНГ БОЈС