Во просториите на ФФМ денеска се одржа ждрепката за четвртфиналето во Купот на Македонија.
Два натпревари ќе привлечат големо внимание. Откако во неделата Силекс и Вардар играа во последното есенско коло, сега ќе се сретнат во четвртфиналето на Купот. Но, тој натпревар ќе се се игра во Скопје.
Шампионот Струга Трим Лум ќе ја има предноста на домашниот терен во дуелот со Гостивар. Колидертот на прволигашката табела Шкендија ќе гостува во Радовиш кај Детонит Плачковица.
Последната двојка ја сочинуваат АП Брера и второлигашот Арсими кои ќе играат во Струмица.
Четвртфиналената рунда е на 26 февруари 2025 од 14 часот.
Во мак-фудбалот следува пауза до 15-16 февруари за кога се закажано продолжението на сезоната во двете лиги.