Кошаркарите на Пелистер славеше важна победа над Чаир во последниот натпревари од 9.коло во Првата лига.
Во последниот натпревар од оваа рунда одигран во Битола, пелистерци славеа со 77-73.
Речиси во текот на целиот натпревар домаќините имаа предност, а најголемата изнесуваше 12 поени. Гостите од Скопје во неколку наврати успеваа да израмнат, а за последен пат на 70-70, на 66,секунди пред крајот.
Веќе во следниот напад Антоан погоди тројка за домаќините, а под кошот Кејли направи фаул врз Лука Стојановски. Новиот напад домашниот состав го искористи кој со поените на Бојиќ поведе со 75-70. И во следниот напад гостите погрешија, па Стајиќ ја запечати победата.
Четворица кошаркари на Пелистер имаа двоцифрен број на поени, а најмногу Бојиќ 19. Мишковиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл со 15 поени и 10 скокови, а 15 поени постигна и Стајиќ, додека Антоан заврши со 13.
Со оваа победа, Пелистер сега има 15 бодови како МЗТ Скопје и Работнички кои претрпе порази во ова коло. Чаир е втор на табелата со бод повеќе, но и еден помалку од лидерот ТФТ.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО
денеска
ПЕЛИСТЕР – ЧАИР 77-72
ТИКВЕШ – ВАРДАР 78-72
одиграно вчера
ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 75-70
ГОСТИВАР – ШКУПИ 79-65
МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ 85-83
КОЖУВ – ФЕНИКС 86-73
ТАБЕЛА: ТФТ 17 бодови, Чаир 16, МЗТ Скопје Аеродром 15, Работнички 15, Пелистер 15, Кожув 14, МКК Куманово 14, Гостивар 12, Тиквеш 12, Шкупи 12, Феникс 11, Вардар 9.