Екипата на ТФТ го доби првото дерби од 9.коло во Првата машка кошаркарска лига. Тимот од скопската населба Тафталиџе го победи шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 75-70.
На натпреварот одигран во СЦ „Кале“, составот на ТФТ заслужено се радуваше на својата осма победа, нанесувајќи му го на МЗТ третиот пораз сезонава.
Во воведните четири минути аеродромци беа оние кои подобро го отворија натпреварот и водеа со 4-8. Тука застана сино-белите и му дозволија на противникот да направи серија од 15-3 со што ТФТ победа со +8. Со таа предност домашниот тим влезе во втората четвртина која НЗТ ја доби, па на одмор се замина со 43-36 за ТФТ.
Во второто полувреме, односно третата четвртина, домаќините имаа и најголеми 13 поени предност кои се покажаа како решавачки. МЗТ успеа во последниот квартал да дојде до -3, но не и да ја анулира негативата.
Во победничката екипа четворица играчи натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Говенс со 27, додека Гафи постигна 14, а Николов и Стојановски по 13 поени.
Со оваа победа ТФТ барем до утре ќе биде осамен на лидерската позиција на табелата со победа повеќе од составот на Чаир кој гостува во Битола кај Пелистер во второто дерби од ова коло.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО
Сабота
ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 75-70
17.30 ГОСТИВАР – ШКУПИ
18.00 МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ
18.00 КОЖУВ – ФЕНИКС
Недела
18.00 ТИКВЕШ – ВАРДАР
18.30 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР