За кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска е „денот Д“ во регионалната АБА2 лига. Аеродромци ќе мора да победат во дуелот против Теодо во Тиват, за да останат во трка за плејофот.

Тоа му е јасно и на тренерот Васко Атанасов кој сепак вели дека неговите избраници нема „безглаво“ да јуришаат на победата.

„Победата ни е императив, но тоа не значи дека нема внимателно да влеземе во натпреварот.

Секој ривал заслужува респект, така ќе биде и со Теодо.

Мора да одиграме внимателно и плански, а ако го направиме тоа тогаш ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е освојување на двата бода“,

вели тренерот на МЗТ, Атанасов.

Дуелот меѓу Теодо и МЗТ Скопје Аеродром ќе почне од 20 часот.