Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го игра претпоследниот натпревар од групната фаза во АБА2 лигата.
Аеродромци гостуваат во Тиват кај црногорската екипа Теодо во натпревар од 5.коло на „А“ групата. МЗТ е трето пласиран на табелата со 5 бода, два помалку од Цедевита јуниор.
Математиката е јасна, на сино-белите потребна им е победа, но и помош од словенечкиот Хелиос над хрватскиот тим. Само во тој случај македонскиот шампион останува во конкуренција за освојување на второто место, а со тоа и пласман во плејофот.
МЗТ ќе знае на што е и пред одигрувањето на натпреварот со Теодо што е закажан за 20 часот. Имено два часа порано, својот натпревар од ова коло ќе го одиграат Хелиос и Цедевита.