Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, како и Работнички и Пелистер, својот настап во АБА2 лигата ќе го заврши во групната фаза.

Иако аеродромци пред неколку минути го почнаа натпревар под 5.коло кај Теодо во Тиват, тој нема ништо за смени за нив.

Имено на дуелот во Словенија меѓу Хелиос и Цедевита јуниор кој гостите од Хрватска го добија со два разлика (78-80).

Со оваа победа Цедевита сега вкупно 9 бодови, со што си го загарантира налмалку 2.место на табелата, а со тоа и пласманот во плејофот.

Словенечкиот и Хрватскиот тим имаат „скор“ по 4 победи и 1 пораз, а МЗТ заостанува три помалку.