Кошаркарите на битолски Пелистер не размислуваат за ништо друго освен за победа во дуелот со Широки во АБА2 лига.

Пелистерци пред сезоната имаа цел, пласман во плејофот, а за да се оствари тоа тие денеска мора да победат.

Мислењето го споделува репрезентативецот Бобан Стајиќ кој вели дека за остарување на целта денеска тимот мора да се бори во текот на целиот меч.

„Натпревар да се биде или не за нашиот состав.

Се наоѓаме во криза веќе извесен период и следниот натпревар ни е шанса да го поправиме впечатокот. Со победа против Широки ни се отворени шансите за втор круг, што е наша цел.

Потребна е максималната пожртвуваност, фокус во сите 40 минути, агресивна одбрана и целиме кон тоа да се вратиме со победа“,

изјави Бобан Стајиќ.

Натпреварот меѓу Широки Бријег и Пелистер ќе почне од 18 часот.