По одигрувањето на седмото првенствено коло, следуваат и Куп возбудувањата во женската кошаркарска конкуренција.

Ќе се играат квалификациите за пласман на финалниот турнир во Купот на Македонија, кој според календарот е во февруари 2025 година.

Согласно пласманот во првиот дел од сезона, формирани се и осминафиналните двојки.

На 7 и 8 декември, ќе се игра еден осминафинален натпревар, и тоа на теренот на послабо пласираната екипа. Победниците од осминафиналната фаза, на 14 и 15 декември, ќе играат во четвртфиналето, а ќе бидат во улога на домаќини (еден натпревар).

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЖЕНИ

ДВОЈКИ – ОСМИНАФИНАЛЕ

(ПОНИКВА) – КРИВА ПАЛАНКА
ЈАН БОР – БАСКЕТ КАМ
ГОСТИВАР – БАДЕЛ 1862
РИНИА – ВАРДАР
ОХРИД – ПАТРИОТ
ШКУПИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
СПОРТ ТИМ – ПРОБАСКЕТ
СТРУГА 2009 – (КУМАНОВО ГРИЗЛИ)

    НАПОМЕНА: Екипите на Крива Паланка и Струга 2009 се пласираат директно во четвртфиналната (1/4) фаза, поради исклучување на екипите на Куманово Гризли и Пониква