Со двата натпревари одиграни вечерва, во кои домашните екипи славеа победи, комплетирано е 8.коло во Првата мшка кошаркарска лига.
Во дербито одиграно во СЦ „Кале“ кошаркарите на Работнички го совладаа вицепрвакот Пелистер со 84-70.
Екипата на Работнички одигра добро прво полувреме во кое во најголемиот дел го контролираше резултатот. Црвените ги добија двете четвртини (20-15 и 23-19), па на одмор заминаа со девет поени предност 43-34.
Во второто полувреме, битолчани постојано ја бркаа негативата, во два наврати дојдоа до -1, но не успеаја и да ја анулираат. Работнички полека но сигурно го кршеше отпорот на противникот, за на крајот да слаби и убедливо со 14 разлика.
Екипата на Чаир останува не поразена пред своите симпатизери. Вечерва чаирчани го совладаа кавадаречки Тиквеш со 79-70.
Уште по првите 10-минути беше беше јасно дека натпреварот ќе оди во еден правец. Го добија домаќините првиот период со 26-12, во вториот додадоа дополнителни шест поени повеќе, па на одмор заминаа со убедливи +20 (45-25). Така вториот дел од мечот беше само чиста формалност по која Чаир ја потврди седмата победа сезонава.
Со овој триумф кошаркарите на Чаир се вратија на врвот на табелата со 15 бодови, колку што има и тимот на ТФТ на втората позиција. На третото и четвртото место со пораз повеќе (6-2) се екипите на МЗТ Скопје и Работички. По овој квартет следува битолски Пелистер (5-3, победи-порази).
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 8.КОЛО
Недела
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 84-70
ЧАИР – ТИКВЕШ 79-70
ШКУПИ – МКК КУМАНОВО 57–83
Сабота
ВАРДАР – ТФТ 79–80
МЗТ СКОПЈЕ – КОЖУВ 69–63
ФЕНИКС – ГОСТИВАР 74–66