Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, од 27 ноември до 3 декември, ќе настапува на квалификацискиот турнир што ќе се одржи во Португалија.

Нашата млада селекција се наоѓа во „А“ лигата (2 рунда), каде за противници ќе ги има селекциите на Франција, Португалија и Словачка.

Првиот меч од квалификацискиот турнир го играме против Франција на 27 ноември. Во 2.коло следува натпревар против домаќинот, Португалија на 30 декември. Во последното коло, ќе играат против Словачка, на 3 декември.

Селекторот Астрит Мерко за претстојните предизвици од квалификациите, се одлучи да ги повика следните фудбалерки: