Во НБА лигата синоќа се одиграа шест натпревари. Најинтересно беше во Мајами, каде „Хит“ по продолжение го совладаа Далас без Лука Дончиќ.
Мајами имаше водство во поголемиот дел од натпреварот, но Далас имаше предност од плус два на пет секунди до крајот. Можеше да има и плус три доколку Ирвинг успешно го изведе второто слободно фрлање. Џими Батлер го одведе мечот во продолжение во кое Мајами беше подобар и на крајот победи со 123:118.
Батлер го заврши натпреварот со 33 поени, 9 скока и 6 асистенции, а Ирвинг со 27 поени, 6 асистенции и 6 скока.
Кливленд стана само деветтиот тим остварил 17 победи во првите 18 натпревари од сезоната.
„Кавалирс“ лесно го победија Торонто со 122:108. „Кавси“ рано дојдоа до голема предност, која успешно ја бранеа до самиот крај. Донован Мичел постигна 26, а Тај Џером и Џерет Ален постигнаа 23 за победничката екипа.
Лос Анџелес Клиперс рутински ја заврши работата во Филаделфија, кои повторно беа без нивните главни ѕвезди Пол Џорџ и Џоел Ембиид.
„Клиперси“ апсолутно доминираа и на крајот победија со 125:99. Џејмс Харден постигна 23 поени и подели осум асистенции, а Ивица Зубац заврши со дабл-дабл со 16 прекини, 12 скока и четири асистенции.
На останатите три натпревари. Победи пред своите симпатизери забележаа Бостон над Минесота со 107:105 и Индијана против Вашингтон со 115:103. На гостински терен се радуваше Буклин кој со 108:103 го победи Сакраменто.