Фудбалската репрезентација на Македонија со својот фантастичен настап во Лигата на Нациите, си обезбеди низ на поволности. Меѓунив е и рангирањето за ждрепката во квалификациите за Мундијалот 2026-та во САД, Канада и Мексико.

Со освојувањето на 1.место во групата и промоцијата во „Б“ конкуренцијата, Македонија е во третиот „шешир“ во ждрепката за Мундијалот.

Тоа значи дека Македонија за противници неможе да ги има: Шкотска, Словенија, Ирска, Финска, Грузија, Албанија, Исланд, БиХ, С. Ирска, Црна Гора и Израел.

Во првиот квалитативен сад се: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска и Австрија.

Потенцијални противници на црвено-жолтите од четвртиот „шешир“ се: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Латвија, Фарски Острови и Литванија.

Како најслабо рангирани во петтиот „шешир“ ждрепката ќе ја чекаат: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.

Кои ќе бидат противниците на Макеоднија во Мундијалските квалификации ќе дознаеме на 13 декември по ждрепката во Цирих.

Во квалификациите ќе има 12 групи со четири и пет репрезентации, а само победниците директно ќе се пласираат на СП. Второпласирани репрезентации ќе играат во баражите, против четирите најдобропласирани селекции од Лигата на нации, кои не поминале. По тие дуели ќе добиеме уште четворица учесници на Мундијалот.

Квалификациите ќе почнат во март месец следната 2025 година, а ќе завршат со баражите во март 2026-та.