Последниот македонски претставник, во женска конкуренција, на европската ракометна сцена, Чаир викендов има нови настапи.

Чаирчанки се пред за нив историски успех. Тие имаат голема можност да се вбројат меѓи 16-те најдобри во ЕХФ Европскиот куп.

Во првата рунда од ова натпреварување, екипата на Чаир во два наврати беше подобра од тимот на Керженг од Луксембург.

Скопската екипа сега ќе ги игра двата натпревари против португалскиот тим Колехио Де Гаија на домашен терен. Натпреварите ќе се играат во салата Автокоманда, првиот денеска, а реваншот веќе утре (недела) и двата во терминот од 16 часот.

Потсетување дека во Европскиот куп настапуваше и тимот на Металург Автокоманда, а во ЕХФ Европската лига екипата на Ѓорче Петров. Двата македонски тима беа елиминиран по два одиграни натпревари.