Kошаркарите на Пелистер го претрпеа третиот пораз во ABA2 лигата. Во натпревар од 4.коло на групата „Ц“ одигра вечерва Самобор, пелистерци загубија од српскиот тим Џокер со 84-93.

Едно „очајно“ одиграна четвртина (третата) го чинеше битолскиот тим пораз.

Во првото полувреме Пелистер беше подобра екипа, освен две водства, се останато беше во резултатска позитива на битолскиот клуб. Го доби првиот период Пелистер со 30-26, а вториот беше израмнет (234-23), па зелено-белите на пауза заминаа со четири позитива (53-49). Но очајната трета четвртина и серијата од 12-0, беше знак дека Пелистер тешко може да се надева на успех. Тимот на Џокер во последниот период влезе со +14 (76-62), што се покажа како недостижно за Пелистер. Иако екипата од Битола го доби последниот квартал (22-17), тоа не беше доволно да се избегне поразот.

Со оваа победа српската екипа дефинитивно си обезбеди место во плејофот, додека Пелистер ќе мора да се надева на чудо.

За место во разигрувањето Пелистер ќе чека порази на Подгорица во дуелите со Широки и Џокер. Воедно битолчани ќе треба да ги добијат и преостанатите два меча, прво со Широки на гости, а потоа и Подгорица на домашен терен.

Следниот натпревар Пелистер ќе го игра на 4 декември.