Со седумте вчерашни натпревари комплетирано е 4.коло во фудбалската Лига на шампони.

Дерби дуелите вечерва се играа во Милано и Париз.

На „Џузепе Меаца“ италијанскиот шампион Интер со 1-0 го совлада Арсенал. Стрелец на единствениот гол беше Чнханоглу од пенал во третата минута од дополнетото на првиот дел.

Многу поинтересно беше на „Паркот на принцовите“ во Париз. Иако домашниот ПСЖ поведе со 14.минута со голот на Ворен Заир-Емери, гостите од Мадрид на крајот се радуваа. Атлетико израмни во 18.минута со голот на Молина. И кога сите очекуваа дека „мирољубиво“ ќе заврши натпревари, Атлетико стигна до нов погодок. Се играше третата минута од судиското продолжение кога Анхел Кореа ја затресе мрежата на „светците“ и му донесе победа на Атлетико со 2-1.

Во Минхен, Баерн со голота на Мусиала (67) ја победи Бенфика и ја прекина низата од два порази.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 4.КОЛО

ИНТЕР – АРСЕНАЛ
ПСЖ – АТЛЕТИКО МАДРИД 1-2
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – БАРСЕЛОНА 2-5
БАЕРН МИНХЕН – БЕНФИКА 1-0
ФЕЕНОРД – САЛЦБУРГ 1-3
СПАРТА ПРАГА – БРЕСТ 1-2
ШТУТГАРТ – АТАЛАНТА 0-2
КЛУБ БРИЖ – АСТОН ВИЛА 1-0
ШАХТЈОР – ЈАНГ БОЈС 2-1

СИТЕ ГОЛОВИ ОД ДЕНЕШНИТЕ НАТПРЕВАРИ МОЖЕ Д АГИ ВИДИТЕ ОВДЕ