Фудбалската репрезентација на Македонија, на 14 и 17 ноември, ја очекуваа последите два натпревари во Лигата на нациите. Црвено-жолтите во овој третиот круг ќе играат против Летонија и Фарските Острови.
Селекторот Благоја Милевски денеска го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за овие натпревари. На неговиот список се 27-мина играчи кои ќе конкурираат за составот.
Иако има и неизвесност во однос на неколкумина повредени играчи, селекторот Милевски е оптимист.
На списокот има две нови имиња, голманот Марко Алчевски и одбрамбениот фудбалер Бехар Фета, на списокот е и повратникот Сефер Емини.
Македонија ја чекаат два дуели на домашен терен, на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје. Првиот на 14 ноември (20.45 часот) против Летонија, а потоа 17 ноември (15 часот) дуелот со Фарските Острови.
Собирот на македонската репрезентација е закажан за 11 ноември (понеделник) во Скопје.