Во НБА лигата ноќеска беа одиграни осум натпревари во кои имаше големи возбудувања. Да од нив беа решени по продолженијата, а Кливленд, Оклахома и Бостон ја продолжија победничката низа.
Донован Мичел беше јунакот на Кливленд во победата над Милвоки на гостински терен со 114-113. Мичел на 3.десетинки до крајот со својот 30-ти поени им ја донесе седмата победа на „Кавс“.
На Милвоки не му помогнаа ниту 40 поени и 9 асистенции на Лилард, односно 34 поени, 16 скокови и 8 асистенции на Антетокумпо. За „Бакс“ тоа беше петти пораз, а имаат само една победа.
За пораз не знае ниту составот на Оклахома кој на гости во ЛА ги совлада „Клиперс“ со 105-92. Шаи Џулиус-Александар со 25 поени и 9 асистенции беше предводник на „Тандерс“ во нивната шеста победа.
Шампионот Бостон втор пат во два дена славеше на гостувањето кај Шарлот. Откако во првиот славеа со 15, сега „Селтикс“ ги победија „Хорнетс“ со 10 разлика (113-103). Џејсон Тејтјум реализаира 29, а Причард 22 поени за победникот, додека Ламело Бол заврпи со 36 поени кај поразениот тим.
Неизвесни натпревари се одиграа во Торонто и Хјустон во кои гостите славеа по продолженија. ДеМар Дерозан со 33 поени го предводеше Сакраменто до триумфот над „Репторс“ со 131:128.
Голден Стејт без повредените Кари и Мидлтон успеа да слави на теренот на „Рокетс“ со 127-121.
Никола Јокиќ одигра уште една маестрална поарија во победата на Денвер против Јута со 113-103. На Србинот му фалеше една асистенција за трипл-дабл, а натпреварот го заврши со 27 поени, 16 скокови и 9 асистенции.
На останатите натпревари беа постигнати следниве резутати:
Филаделфија – Мемфис 107:124
Сан Антонио – Минесота 113:103
Вашингтон – Мајами 98:118
Феникс – Портланд 103:97