Македонскиот вицепрвак Пелистер го претрпе вториот пораз во регионалната кошаркарска АБА2 лига. Битолчани пред својата публика загубија од српскиот тим Џокер со 77-81 во меч од 3.коло на Ц групата.

Избраниците на Александар Петровиќ одиграа добро во најголемиот дел од првото полувреме беа во предност. Го добија првиот период со 3 разлика (20-17), а во вториот имаа и +11. Сепак на одмор зелено-белите заминаа само со три поени позитива (38-35).

Во второто полувреме, гостите брзо ја стопија негативата, а потоа и поведоа со осум разлика 50-58. На самиот почеток на последниот период Џокер дојде до двоцифрена предност 54-64, а тоа се покажа и како решавачки момент. Пелистерци постојано ја бркаа негативата, но не успеаја да ја анулираат, па на крајот загубија со конечни 77-81.

Американецот, Едвардс со 18 поени беше прв стрелец во редовите на Пелистер за кој Србинот, Мишковиќ постигна 16 поени.

Со овој пораз Пелистер прави чекор назад во трка за двете позиции што водат во плејофот. Битолчани имаат 3 бодови како и екипата на Широки, додеа тимот на Џокер е прв со 6, а Подгорица втора со 5 бода.

Двата тима повторно ќе се сретнат меѓусебно веќе во следното коло. Натпреварот во Самобор е закажан за 12 ноември.

Ko