Во фудбалската Лига на шампиони денеска и утре ќе се играат натпреварите од третата рунда.

Од македонските претставници (репрезентативци) вечерва настап очекува Бојан Миовски. Штипјанецот со својата Џирона ја пречекуваат екипата на Слован Братислава. Двете екипи беа поразени во првите два натпревари и сеуште немаат освоено бод.

Дербито на денот се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Тоа ќе биде реприза на минатосезонското финале во кое Реал совладувајќи ја Борусија Дортмунд стигна до 15-тиоѕ трофеј во Лигата на шампионите.

Вечерва „милионерите“ сигурно ќе имаат мотив повеќе да им се реваншираат на „Кралевите“ за тој пораз. Германскиот тим кој е лидер на табелата одигра два фантастични натпревари во кои постигна 10, а прими само еден гол. Шпанскиот гигант направи „кикс“ во претходната рунда во која загуби од Лил на гостински терен.

Овој натпревар како и уште седум други ќе се играта во вечерниот термин од 21 часот, а првите два во Милано и Монте Карло ќе почнат од 18.45 часот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3.КОЛО (вторник)

18:45 Милан – Клуб Бриж
18:45 Монако – Црвена Звезда
21:00 Џирона – Слован Братислава Миовски
21:00 Реал Мадрид – Борусија Дортмунд
21:00 Јувентус – Штутгарт
21:00 Арсенал – Шахтјор
21:00 Астон Вила – Болоња
21:00 ПСЖ – ПСВ
21:00 Штурм Грац – Спортинг Лисабон

СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ