Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2009 година) ќе одиграат два контролни натпревари со Словенија.

Контролните натпревари ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје (крај ФФМ).

Првиот меч на програмата е денеска (22 октомври), со почеток во 13 часот. Два дена подоцна (24 октомври – четврток) во исто време ќе биде одигран и вториот дуел.

Селекторот Драган Начевски повика 23-ца фудбалери кои ќе конкурираат за настап на овие натпревари.

Денешниот натпревар Македонија – Словенија (У16) ќе може да го гледате во живо овде.