Македонските претставници во кошаркарската АБА2 лига, МЗТ Скопје, Пелистер и Работнички, останаа без пари, за настап во ова натпреварување.
Борко Ристовски, министерот за спорт, ја објасни причината, зошто овие три клуба не добиле средства за настап во ова натпреварување.
„Распределбата за врвниот спорт ја направивме на основа на тоа што и дадовме поддршка на сите оние коишто се натпреваруваат во Европа и настапуваат во европски официјални натпревари коишто се поддржани нели од меѓународните федерации.
Во конкретниот случај, можам да нагласам дека кошаркарите не ја добијат таа помош затоа што не се натпреваруваат на официјално европско натпреварување кое е поддржано од ФИБА.
АБА2 лигата неофицијално регионално натерување, кое што не е под закрилата на ФИБА.Оние екипи коишто се натпреваруваат во Европа, кои се официјални европски натпревари, ја добија нашата помош и поддршката која ја поделивме.
Доколку во иднина, зборувам сега за кошарката, МЗТ, Работнички и Пелистер во конкретниот случај, се пријават да учествуваат, како минатата година ТФТ кога беше домаќин на едни такви квалификации на ФИБА, или клубовите одлучат да бидат домаќин, тие сигурно дека ќе ја добијат поддршката којашто не беше мала мора да нагласам дека критериумите, законите и правилата се такви да не можеме да финансираме регионални натпреварувања.
Тоа се сепак е регионално преорување (АБА2 лигата), па дури АБА1 е регионално натпредување, тоа било спротивно со законот и критериумите“, изјави Ристовски.
Дека тоа сигурно ќе влијае и на онака тешката финансиска ситуација во овие клубови, тоа е повеќе од јасно. Она што допрва треба да го видиме е како истите ќе се справат со помалку пари!?