Македонскиот одбојкарски шампион Струмица вечерва го продолжува својот настап на европската сцена. Струмичани по елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампиони, сега ги чека настап во ЦЕВ Купот.
Македонскиот првак дополнително ги засили во своите редови откако ги донесе браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви и Александар Љафтов. Летово пак во таборот на Струмица се приклучија и репрезентативците Дарко Ангеловски, Филип Маџунков и Филип Лепидовски.
Заедно со искусниот Милев, струмичкиот тим безмалку ја сочинува репрезентацијата на Македонија. Оттаму доаѓаат и амбициите за подолг престој на европската сцена.
Прва пречка ќе биде стариот познаник унгарскиот тим Фино Капошвар против кој лани играа во квалификациите за Лигата на шампиони. Иако станува збор за одличен тим во таборот на македонскиот шампион веруваат дека може да ја минат оваа рунда
За овој натпревар нема да се напlаќаат влезни билети туку секој присутен во салата „Парк“ ќе може да донира по своја желба и можност.
„Овој пат, нема да има карти за влез! Наместо тоа, секој поддржувач ќе може да направи донација по свој избор и директно да помогне во развојот на нашиот клуб и одбојката во градот и државата.
Ние играме за вас, вие помогнете да направиме разлика!
Сите донации се добредојдени и одат кон подобрување на нашата одбојкарска приказна“, информираа од клубот.
Дуелот од квалификациската рунда во ЦЕВ Купот меѓу Струмица и Фино Капошвар ќе почне од 19 часот.