Кошаркарите на Работнички попладнево против Војводина ќе го играат вториот натпревар од АБА2 лигата.
Македонскиот тим е во улога на аутсајдер против екипата која лани за малку не влезе во АБА1 лига. И годинава тимот на Војводина важи за еден од главните фаворити за тоа.
„Пред нас е тежок натпревар со силен ривал кој игра на високо ниво.
Војводина е физички силна и доста искусна екипа која лани стигна до финалето.
Ние треба да пристапиме со максимален фокус и борба за да може крајниот крајниот резултат да биде на наша страна“,
вели Виктор Ефремовски.
Дуелот Војводина – Работнички што ќе се игра во Нови Сад ќе почне од 18 часот.