Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 9 до 15 октомври ќе учествува на квалификацискиот турнир во Луксембург за пласман во елитната фаза на квалификации.

Покрај Македонија, на турнирот ќе учествуваат и селекциите на домаќинот Луксембург, Словачка и Летонија.

Во рамките на првиот меч, силите ќе ги одмериме со селекцијата на Летонија. Во второто коло следува дуелот со Словачка, а на крајот домаќинот, репрезентацијата на Луксембург.

Селекторот на младата репрезентација на Вујадин Станојковиќ ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:
Славе Вргов Вардар Неготини
Спаско Ахтаров Беласица
Амар Хаџибулиќ Работнички
ОДБРАНА:
Анес Мелиќи Шкендија
Андреј Велков А.П. Брера
Наим Синанов Варнамо, Шведска
Адриан Незир Верл, Германија
Андреј Љубевски Работнички
Габриел Крстевски Пелистер
Нуман Ајетовиќ Шкупи
СРЕДЕН РЕД:
Давид Ристовски А.П. Брера
Матеј Гаштаров Црвена Звезда, Србија
Милот Синани Ара, Швајцарија
Аљмир Подграѓа Работнички
Никола Манојлов Работнички
Урон Алили Елбасани, Албанија
НАПАД:
Веби Ислами Шкендија
Димитар Данев Работнички
Андреј Силјановски Пелистер
Стефан Младеновски Црвена Звезда, Србија
Адмир Љатифи Беса
Јован Бошнаков Работнички