Неочекувано и изненадувачки, Реал Мадрид и Баерн Минхен останаа без бодови на гостувањата во Лигата на Шампиони против Лил и Астон Вила. Со идентичен резултат на двата натпревари домаќините остварија победи од 1:0.
Реал Мадрид изгледаше доста бледо во Франција. Лил ја искористи својата шанса по играта со рака на Камавинга и преку пенал во 45-та минута поведе со голот на Џонатан Дејвид. Французите се држеа до самиот крај и ја зачуваа предноста и стигнаа до победа по одиграна партија на животот од нивна страна.
Баерн Минхен не успеа на гостувањето во Англија да извлече бодови против одличната екипа на Унаи Емери. Астон Вила „гази” се пред себе оваа сезона и тоа го покажаа со ефективна игра против германската велесила. Прво постигна гол Пау Торес во 22.минута, но тој гол беше поништен поради офсајд. Клучниот момент го имаше Џон Дуран кој влезе во игра во 70-та минута и во 79-та по асистенција токму на Пау Торес го постигна голот за победа.
Реал Мадрид се наоѓа на 17-та позиција со 3 бода во новиот лигашки формат со 3 освоени бода. Баерн се наоѓа на 15-та позиција со истиот биланс. Астон Вила се искачи на 6.то место со оваа победа и максимални освоени 6 бода досега. Лил се наоѓаат на 18-та позиција со остварената прва победа во Лигата на Шампиони.