Шест натпревари се одиграа вечерва во рамките од 2.коло на Лигата на шампионите.
Првото дерби во Лондон го доби Арсенал кој со 2-0го победи ПСЖ. Во второто во Леверкузен германскиот шампион Баер беше подобар од екипата на Милан. Стрелец на единствениот гол беше Бонифејс во 51-та минута.
Италијанскиот првак Интер е пресилен за белградска Црвена Звезда, која „неро-азурите“ ја совладаа со убедливи 4-0.
Супер ефикасно беше во Дортмунд каде Борусија го „демолира„ шкотскиот Селтик со 7-1. Карим Адејеми уште во првото полувреме оствари хет-трик.
Очекувани победи славеа Барселона над Јанг Бојс и Манчестер Сити кој како гостин во Братислава го совлада Слован.
Утре ќе се играат уште осум натпревари од втората рунда.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 2.КОЛО (ВТОРНИК)
Арсенал – ПСЖ
Баер Леверкузен – Милан 1-0
Интер – Црвена Звезда 4-0
Борусија Дортмунд – Селтик 7-1
Барселона – Јанг Бојс 5-0
Слован Братислава – Манчестер Сити 4-0
ПСВ – Спортинг Лисабон 1-1
Салцбург – Брест 0-4
Штутгарт – Спарта Прага 1-1