Арсенал дојде до рутинска победа во Лигата на Шампионите над ПСЖ. Со резултат од 2:0 „топчиите” одиграа доволно за победа во второто коло.

Првото полувреме беше клучно за тимот на Микел Артета. По тотална доминација, Арсенал ги искористи своите шанси и стигна до победа.

За 1:0 стрелаше Каи Хаверц во 20.та минута. Букајо Сака ги постави конечните 2:0 во 35.та минута по гол од слободен удар во којшто немаше добра реакција од одбраната на ПСЖ.

Светците пробаа со сите сили да се вратат во вториот дел, но Арсенал многу вешто задржа чиста мрежа.

Арсенал дојде до првата победа во новиот формат на Лигата на Шампионите и со 4 бода се искачи на 8.та позиција. ПСЖ останува на 3 освоени бода и падна на 18-та позиција табелата.