Кошаркарите на Работнички со убедлив пораз го почнаа настапот во регионалната АБА2 лига.
Во натпревар од 1.коло на „Б“ групата, Работнички пред своите симпатизери загуби од Сутјеска со 58-71.
Натпреварот одигран во СЦ „Кале“ во Скопје, беше рамноправен само во првиот период. Во него Работнички само еднаш имаше водство од 1 поени, а гостите го добија со кварталот со +6 (16-22). Во вториот црногорскиот тим само ја зголемуваше предност која во еден момент изнесуваше +17. На одмор Сутјеска замина со +16 (21-37).
Ви ист правец (еднонасочен) се одвиваше и второто полувреме. Црногорскиот тим имаше и +26, а на крајот славеше со 13 поени разлика 58-71.
Робев со 13, Јовичиќ со 12 и Полутак so 10, беа играчите на Работнички со двоцифрен број на поени.
Следен натпревар за црвено-белите во АБА2 лигата ќе биде дуелот со Војводина на 8 октомври во Нови Сад.
Во меѓувреме на 5 октомври Работнички ќе ги почне обврските во домашното првенство со дуелот против Феникс.