Со натпреварот против црногорскиот Теодо, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утре ја стартува новата сезона. 

Аеродромци почнуваат со настап во АБА2 лигата, во која за противници ќе ги имаат и екипите на Цедевита Јуниор и Хелиос Домжале. 

Капитенот на сино-белите Дамјан Стојановски верува дека МЗТ е кадарен да се втурне во трка за највисок пласман. 

,, Теодо е одлична екипа. Сепак ние играме на домашен терен, кадр очекувам голема поддршкаодпубликата. 

Без разлика како игра противникот мислам дека се ќе зависи од нас, не само утре или в сабота противПелистер,  тукуиво текот на целата сезона”, изјави капитенот Дамјан Стојановски. 

Утрешниот натпревар меѓу МЗТ Скопје и Теодо што ќе се игра во СЦ ,,Јане Сандански” ќе почне од 18 часот.