И последните четири натпревари од 1.коло на новата сезона во Лигата на шампионите донесоа големи возбудувања. Три натпревари завршија со победи на домаќините со 2-1, а во Бергамо немаше погодоци.

На дуелот во Мадрид, гостите поведоа уште во 5-тата минута со голот на Бенјамин Шешко. Домашниот тим пристисна жестоко за да стигне до израмнување. Тоа им успеа во 28.минута кога погоди Антоан Гризман. Токму Французинот во 90-тата минута беше стрелец и на голот за победа.

Македонскиот репрезентативец, Ељиф Елмас влезе во игра во 83-тата минута.

Во Монте Карло, каде кај Монако гостуваше Барселона.

Гостите уште во 11.минута останаа со играч помалку, откако по грешката на Терштеген, се жртвуваше Ерик Гарсија. Тоа домаќините го искористија веќе во 16-тата минута и со голот на Магнес Аклиуш поведоа со 1-0. Барса се врати во игра во 26.минута со прекрасниот гол на Ламин Јамал.

Во Бергамо, Аталанта и Арсенал одиграа без голови 0-0. Домаќините на стартот на вториот дел (51.минута) пропуштија голема шанса да го отворат резултатот. Ретеги не успеа да реализира пенал или подобро кажано шпанскиот голман Раја го одбрани неговиот удар.

Во последниот натпревар од ова воведно коло, францускиот Брест ги израдува своите симпатизери совладувајќи го Штурм.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1. КОЛО
АТЛЕТИКО МАДРИД – ЛАЈПЦИГ 2-1
МОНАКО – БАРСЕЛОНА 2-1
АТАЛАНТА – АРСЕНАЛ 0-0
БРЕСТ – ШТУРМ 2-1
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – БЕНФИКА 1-2
ФЕЕНОРД – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 0-4