Дерби дуел на вториот ден од воведното коло во Лигата на шампионите заврши без голови. На „Етихат“, Манчестер Сити и Интер одиграа тврд натпревар во кој ниту еден тим не успеа да постигне гол.

Еден гол и тоа многу среќен во судиското дополнение е го реши победникот во Париз. Таму ПСЖ благодарение на кардиналната грешка на голманот Голзанга ја победи Џирона со 1-0. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски остана на клупата на шпанскиот тим,

Најефикасно беше во Глазгов домашниот тим на Селтик славеше убедливо над Слован Братислава со 5-1. Стрелци на головите за шкотскиот тим беа: Скеилс (17.минута), Фурухаши (47), Енгелс (56), Маеда (70) и Ајда (87). Голот за Слован го постигна Вимер (60).

Во Белгија, фудбалерите на Борусија Дортмунд ја совладаа екипата на Бриж со 0-3. До триумфот „милионерите“ од Дортмунд стигнаа со двата гола на Англичланец, Бајно-Гитенс (76 и 86) и Гуираси од пенал (90+5).

Премиерното коло ќе биде заокружено утре со нови шест натпревари.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1. КОЛО
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ИНТЕР 0-0
ПСЖ – ЏИРОНА 1-0
КЛУБ БРИЖ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 0-3
СЕЛТИК – СЛОВАН БРАТИСЛАВА 5-1
БОЛОЊА – ШАХТЈОР 0-0
СПАРТА ПРАГА – САЛЦБУРГ 3-0