Како загревање за новата сезона во мак-баскетот, денеска и утре, во СЦ „Кале“ ќе се одржи првото издание на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“.

Тимот од скопската населба Тафталиџе, овој турнир го организира во чест на својот прерано починат фан и пријател Андреј Грковски – Тафта.

Покрај организаторот (домаќин) ТФТ, учество ќе земат шампионот МЗТ Скопје Аеродром, екипата на Работнички и гевгелиски Кожув. 

Карти за натпреварите ќе може да се купат на самиот влез во салата и ќе чинат 100 денари .
За сите сопственици на сезонски билети на ТФТ влезот ќе биде бесплатен ,со тоа што сите посетители ќе може да донираат средства во посебна кутија за донации.
Дел од средствата за билети ќе бидат наменети за семејството на Андреј Грковски.

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „АНДРЕЈ ГРКОВСКИ“

Полуфинале (петок)
18.00 ТФТ – КОЖУВ
20.30 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – РАБОТНИЧКИ
За пласман (сабота)
16.00 за трето место
19.00 финале