Белградскиот фудбалски клуб Партизан има лето за заборав. Популарните црно-бели, иако настапија во трите европски купови, тие ја завршија сезоната вечерва.

Прво беа елиминираа во квалификациите за Лигата на шампионите, па потоа следуваше елиминација од Лига Европа. Сега Партизан заврши го заврши и настапот во Конференциската лига.

Ова откако црно-белите по втор пат беа поразени од екипата на Генк со 1-0. Белгискиот тим славеше на првиот меч во Белград минимално со 1-0, а со истиот резултат победи и вечерва пред своите симпатизери.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 89-тата минута, а стрелец беше Делорж-Книпер.

Покрај Генк пласман во групната фаза на Конференциската лига обезбеди и Бешикташ. Турскиот тим пред своите симпатизери со 21-0 го совлада Сент Патрикс против кој во Ирска на првиот меч одигра 0-0.