Британецот, Ландо Норис уште еднаш потврди дека е во одлична форма. Возачот на Мекларен победи на 15-та трка во сезоната во Формула 1, возена за Големата награда на Холандија.
Иако на стартот Британецот ја загуби првата позиција, од Верстапен сепак возачот на Мекларен веќе во 17-от круг изби на чело на колоната.
Од тој момент целосно ја контролираше трката, а трикратниот шампион не можеше да одговори. До својата втора победа сезонава Норис стигна со повеќе од 20.секунди предност во односно на Верстапен кој веќе пет трки е без триумф.
Победничкиот пиедестал го комплетира возачот на Ферари, Шарл Леклер.
По ваквиот исход, во генералниот поредок водечкиот Верстапен (295 бодови) сега ума 70 бодови повечее од Норис (225).
Следната трка се вози веќе следната недела за Големата награда на Италија на легендарната „Монца“.