Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа од 3-0 (25:12; 25:14; 25:18) ги стртуваше квалификациите за Европското првенство 2026. Во првиот дуел на гостувањето кај Грузија македонските одбојкари остварија сигурна победа.

Во ниту еден момент убедливата победа од 3:0 во сетови не беше доведена во прашање и разликата во квалитет беше евидентна од самиот почеток на натпреварот.

Македонските одбојкари во следното коло на 25.август на домашен терен во Скопје (СЦ Јане Сандански) ја пречекуваат репрезентацијата на Грција тоа впрочем би требало да биде и дуел за првото место во групата.

Првопласираната репрезентација од групата и пет најдобропласирани од седумте групи ќе изборат учество на Европското првенство 2026. Вториот дел од квалификациите ќе се играат во август 2025 година.