Двете одбојкарски репрезентации на Македонија, женската и машката, денеска ги почнуваат квалификациски циклус за Европските шампионати.
Двојна програма ќе имаат нашите селекции. Мажите ќе гостуваат во Тбилиси кај Грузија, а дамите во Скопје ја пречекуваат Грција.
Машката селекција ќе се обиде да го продолжи континуитетот на настапи на Европските првенства. За остварување на таа цел, тие треба да бидат подобри од Грузијците и Грците кои се наши ривали.
Според реномето и квалитетот Грузијците се нешто послаба селекција од Македонија и Грција, па јасно е дека битката ќе се води меѓу овие две селекции. Но, затоа најважно за црвено-жолтите е со победа денеска над Грузија да го почнат овој циклус, па во следниот меч во Скопје, победнички да ја дочекаат Грузија.
Премиерниот натпревар во оваа квалификациска група Грузија – Македонија ќе се игра попладнево од 14 часот.
А, вечерва пак од 20.15 часот, во СЦ „Јане Сандански“ македонските одбојкарки ќе „дебитираат“ во евро-квалификациите. Дамите долго време ги немаше на меѓународната сцена, па лани играа во Сребрената лига.
Тие ќе играат во „Ф“ група во која за противници ќе ги имаат Австријките и Гркинките.
Во првиот меч вечерва, Македонија ќе ја пречека Австрија, а во вториот (28 август) ќе гостува во Солун кај Грција.