Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 16 години, попладнево ќе го одигра шестиот натпревар на Европското првенство.

Македонските кадети во дуел за пласман од 9-12 место во Б дивизијата, денеска ќе играта против Португалија.

Противникот за разлика од нашата репрезентација во досегашниот тек на турнирот забележа само две победи на петте одиграни натпревари. Ние загубивме еден, а добивме четири. Оттаму доаѓа и улогата на фаворит на црвено-жолтите кои секако ќе ја имаат и поддршката од публиката.

Подобриот од овој дуел ќе игра за пласман на деветтото место во конечниот поредок со победникот од натпреварот Унгарија – Велика Британија.

Како и досегашните, така и денешниот натпревар македонските кадети ќе го играат во СЦ „Кале“ со почеток од 18.30 часот. Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.